Централна и западна Србија поминаа уште еден ден во борба против поплавите и отстранување на нивните последици. Критична е ситуацијата во Сирча, каде што има починати животни на улиците.
Во општината Лучани водата се повлекла, а наредните денови ќе бидат утврдени штетите кои посебно го погодија Драгачево, каде што се случи лизгање на земјиштето. На помош на загрозените граѓани се вклучи и Армијата на Србија, на покана на Штабот за вонредни состојби и општините.
Голема е штетата и во Кралево, каде што беа поплавени повеќе од 400 куќи и згради, оштетени или целосно уништени 16 моста, сообраќајот на 20 патишта беше прекинат. Катастрофална е ситуацијата во Сирча, каде што има умрени животни на улиците. Исто така, недостигаат основни прехранбени продукти, јавува репортер на ТВ Прва.
Plantaža #blueberries.
Bila…
Kraljevo, Srbija.
? pic.twitter.com/sRAzHbbYZA— AAG-Agro Adviser Group (@blueberryserbia) June 4, 2019
Дожд и поплави ја заматија реката Рашка и поради тоа
постројката за филтрирање на „Водовод и канализација” работи со само половина од капацитет за преработка на сурова вода, поради што жителите на повисоките делови на Нови Пазар вчера без вода.
Излила се и Река Лопатница… Поплављео игралиште ФК Богутовачка бања #Bogutovac #Kraljevo pic.twitter.com/vVroiMJaQA
— Studenica Online (@StudenicaOnline) June 3, 2019