Горан Петронијевиќ, адвокатот на Радован Караџиќ ги пренесе првите зборови на поранешниот претседател на Република Српска по денешната пресуда со која е осуден на доживотна казна затвор.
-Ова нема врска со правото, ова е нивна правда – рекол Караџиќ.
Неговиот адвокат ја оцени пресудата како чисто политичка одлука, а најмалку правна.
Радован Караџиќ, денеска во Хаг беше осуден на доживотна затворска казна за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото направени во Босна и Херцеговина.