Лидерот на бугарската партија ВМРО, Красимир Каракачанов, денеска поднесе оставка, информираат бугарските медиуми.
Според информациите, одлуката е донесена поради слабите изборни резултати на партијата. Во оставка е целото партиско раководство, а за избор на ново ќе биде свикан конгрес.
Неколку часа пред да поднесе оставка, еден од замениците на Каракачанов, Атанас Стојанов, кој е и градоначалник на Сандански, е уапсен поради купување гласови. Нему му е одреден притвор од 24 часа.
Каракачанов е долгогодишен лидер на ВМРО. Во последниот мандат беше вицепремиер и министер за одбрана во бугарската влада.
На изборите во Бугарја, кои се одржаа викендов, партијата ВМРО не успеа да влезе во парламентот по самостојниот настап на изборите.