Во Сараево денеска ненадејно почина, Сандра Зачиновиќ, кандидат на СДА за општинскиот совет во општина Центар, информираат регионалните медиуми.
Откако завршила со телефонски разговор, таа ненадејно паднала на улица во близина на француската амбасада, итна помош побилал нејзиниот син, кој случајно поминувал на тоа место, пренесува порталот „Кликс“.
По пристигнувањето на екипата за брза помош, имало неуспешен обид за реанимација, а на терен излегла и сараевската полиција.
Претседателот на општинскиот одбор на СДА, Јасмин Теровиќ, рекол дека Зачиновиќ синоќа била во добра здравствена состојба и дека присуствувала на редовните партиски активности.
Таа беше кандидат за член на општинското собрание, а исто така била и во претседателството на Унијата на жени на СДА.