Ситуацијата поради која БиХ се најде во средиштето на дипломатски скандал секојдневно се усложнува. Иконата која претседавачот со претседателството на БиХ Милорад Додик му ја подари на рускиот министер за внатрешни работи Сергеј Лавров е вратена во БиХ поради „понатамошно појаснување на нејзината историја преку Интерпол“. А додека се чека одговорот на Интерпол, пристигнуваат бројни реакции на настанот кој се смета за дипломатски скандал.
Опозицијата од Република Српска е се погласна во барањата за оставка на Додик, а членот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ упати апел кон Додик „конечно да открие кој му ја дал украдената икона“. Додик не се огласува ниту по пет дена од инцидентот, додека се поставува прашањето како иконата стара три века се нашла во негов посед. A многумина се чудат како лидерот на босанските Срби воопшто се решил да ја даде иконата на која е претставен Свети Никола како подарок. Додик моментно е во домашна изолација откако бил во контакт со лице заразено со ковид-19.
Украинската амбасада во БиХ реагираше, тврдејќи дека станува збор за икона украдена од Украина. А украинските медиуми тврдат дека на задната страна на иконата стои печат на украинскиот комитет за култура од 1920 година. Постои сомнеж дека иконата е изнесена од Луганск, град на истокот на Украина кој е под контрола на проруските сили од 2014 година. И митрополитот на Украинската православна црква исто така тврди дека иконата е украинско културно наследство. Обвинителството во БиХ веќе отвори го отвори предмет со назив „Икона“ по повод случајот.