Полицијата од италијанскиот град Лече заплени 502 килограма марихуана, пристигната од Албанија, која доколку стигнела на нарко-пазарот би достигнала вредност од половина милион евра.
Во акцијата уапсени се и четири лица, тројца италијански и еден албански државјанин.
Дрогата била натоварена на моторен чамец, кој бил влечен од возило марка „мицибиши“, придружуван од автомобил „фиат мултипла“ со кое управувал Албанецот Арсен Џафери(32), а со него биле и Италијанците Кристијан и Мишел Цито, добро познати на полицијата.
За да се „спасат“ од полицијата, врз вреќите со дрога ставиле инструменти за риболов, а се измешеле во плажа во Пуглија која била преполна со капачи.
Само во текот на месец јули, италијанската полиција има запленето околу три тони марихуана пристигната од Албанија.