Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека датумот и местото за средбата помеѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, веќе се одредени.
Се наведува дека Кремљ навремено ќе ги соопшти деталите.
На прашањето на РИА Новости дали е познат датумот на средбата меѓу претседателите на Србија и Русија, Песков одговори „да, местото е веќе познато“.
Вучиќ неодамна изјави дека 25 ноември е прелиминарен датум за средба со Путин.