Во Унско-санскиот кантон во БиХ, чии власти забранија доаѓање на мигранти, има околу 10.000 вакви лица, вели шефицата на Секторот на криминалистичката полиција на УСК, Снежана Галиќ.
Таа изјави дека според нивните проценки, има околу седум илјади мигранти по улиците и во напуштените објекти, додека три илјади мигранти се сместени во прифатни кампови.
Таа рече дека Хрватска годинава вратила 2.000 мигранти на територијата на кантонот, а мигранти доаѓаат и од Сараево.
– Сепак во кантонот дозволуваме влез само на загрозени категории, семејства со деца – изјави Галиќ за телевизијата Н1.
Според неа, полицијата во УСК ги штити граѓаните и нивниот имот и мора да спречи судири меѓу граѓаните и локалното население.
– Полициските службеници се исцрпени, но ние продолжуваме да работиме. И граѓаните се на крајот од силите и свесни сме за тоа – додаде таа, истакнувајќи дека во полициската администрација на УСК недостасуваат 150 службеници, а нема помош од другите полициски агенции.
– Мораме да се бориме сами на свој терен – заклучи Галиќ.