Израел официјално го информира хрватското Министерство за одбрана дека не може да добие дозвола од САД за испорака на авиони од типот „Ф-16 Барак“ од американско производство на Хрватска, изјави денеска хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстиќевиќ.
– Поради тоа, Министерството ќе и предложи на Владата да донесе соодветна одлука – истакна Крстиќевиќ, додавајќи дека не е потпишан никаков договор меѓу двете држави, како и дека Хрватска нема финансиска штета од пропаѓањето на зделката.
Тој истакна дека Хрватска направила „сè како што треба“ и дека за „оваа неочекувана компликација“ нема никаква одговорност од хрватска страна.