Грчката крајбрежна полиција денеска соопшти дека извлекла две нови тела од морето по пожарите на 23 јули и доколку се идентификуваат како жртви на пожарот, бројката на настрадани ќе се искачи на најмалку 93 лица.
Патролите ги продолжуваат потрагите на море, со цел пронаоѓање на евентуални жртви.
Во саботата пожарникарските служби информираа за 25 исчезнати, повеќето од нив би можеле да бидат меѓу 28 жртви чии тела сė уште не се идентификувани.