Силен пожар избувна на крузерот „МСЦ Лирика“ денес околу 15.30 часот. Големиот брод кој плови под панамско знаме е закотвен пред пристаништето Крф во Грција, пренесуваат грчките медиуми.
Екипажот на бродот, кој броел 51 лице, бил навремено евакуиран, и сега сите се на сигурно, информираат медиумите.
На крузерот немало патници затоа што бил на зимско лежиште.
– Силен црн чад и пламен се појавуваат од страната на бродот закотвен на Крф – велат сведоците.
Еден противпожарен брод стигна до крузерот, а пожарникарите се обидуваат да го спречат огнот, пишуваат тамошните медиуми.