Албин Курти, лидерот на движењето Самоопределување, беше избран вечерва за премиер во Косово, со 67 гласа „за“ и 30 гласа „против“.
На седницата во собранието присутни беа 107 од 120 пратеници.
Тој беше изгласан по кратко обраќање од шефовите на сите пратенички групи, пренесува Коха.
По гласањето, пратениците на опозициските партии ја напуштија салата, а лидерот на Демократската лига на Косово, Енвер Хоџај, изјави дека „владата на Албин Курти е веќе видена минатата година и оти е слаба“.
Заменикот на таа партија, го навреди Курти велејќи дека тој е единствениот премиер чиишто деца не зборуваат на албански јазик, по што претседателот на Собранието го предупреди, пренесува „Танјуг“.
За време на седницата, Курти пред пратениците го претстави составот на новата влада, која брои вкупно 18 члена, а во која Србите би имале само еден претставник.