Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето во близина на островите Крит и Касос.
Засега нема информации за материјална штета или жртви, јави грчката агенција АНА.
Земјотресот бил регистриран неколку минути пред полноќ, на длабочина од 27 километри, со епицентар на 75 километри источно од Агиос Николаос, односно 377 километри југоисточно од Атина.
Крит на 27 ноември го погоди земјотрес со јачина од 6,1 степен.