Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина.
Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот е регистриран на 19 километри од Зеница.
Според првичните информации, земјотресот бил на длабочина од пет километри.
– Сѐ се затресе. Тој ужасен звук – напиша еден од сведоците на порталот ЕМСЦ.