Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во областа Невесиње, Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил на 12 километри јужно од Невесиње на длабочина од 10 километри.
Во текот на ноември и декември годинава, Источна Херцеговина беше погодена од неколку земјотреси. Некои предизвикаа штета, но за среќа немаше повредени.