Умерен земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран денеска во морето недалеку од грчкиот остров Лефкада, објави атинскиот геодинамички институт.
Нема информации за жртви, пишуваат грчки медиуми.
Епицентарот бил на 285 километри западно и северозападно од Атина и 14 километри југозападно од Лефкада.