Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во Тирана, а тресењето на тлото било почувствувано и во другите градови.
Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на длабочина од два километри, објави АП.
Албанското Министерство за одбрана соопшти дека никој не е повреден, а не е предизвикана ниту поголема материјална штета на објектите.
Во ноември минатата година, Албанија беше погодена од земјотрес со јачина од 6,4 степени во кој загинаа 51 лице и се урнаа голем број објекти и куќи.