Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја стресе Атина.
Институтот за геодинамика на атинската национална опсерваторија објави дека потресот се почувствувал ширум регионот на Атина.
Епицентарот на земјотресот бил регистриран во морето, на 30 километри североисточно од Атина, на длабочина од 15 километри.
Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.
Грчката агенција „АНА“ нагласува дека станува збор за послаб потрес.