Земјотрес со јачина од 5 степени кој ја погоди земјава рано изутрината, беше почувствуван и во околните земји. Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот, кој се случи во 04.54 часот, бил на 17 километри југозападно од Гостивар.
Земјотресот ги погоди Црна Гора, Србија, Албанија и Косово. Нема извештаи за повредени или штети.