Грција
Бројот на мигрантите и бегалците од Турција во Грција последниот месец се зголемил за третина во споредба со истиот период лани.
Во овој период се регистирани повеќе од три илјади мигранти на островите Лезбос, Самос и Кос во Егејско Море, соопшти Горгос Кумутцакос, помошник-министер задолжен за заштита на правата на граѓаните.
Сепак, новиот бран бегалци е далеку од оној за времето на мигрантската криза во 2015 година, кога еден милион луѓе тргнаа на пат од Турција кон европските земји.
Моментално во Грција има околу 70 илјади мигранти. Грчката влада има намера да отвори центри за притвор на илегалните мигранти, кои сега се сместени во нехигиенски прифатни центри на грчките острови во Егејско Море.