Од Вашингтон нема ниту да ја спречуваат ниту да ја овозможуваат промената на власта во Србија, сѐ додека актуелната власт е кооперативна околу прашањето за Косово
Србија во последните две децении е ставена на периферијата на американските интереси, поради тоа клучното прашање за Вашингтон е колку власта во Белград е отворена за соработка, наместо кој е на водечката позиција во државата. Поради тоа Соединетите Американски Држави нема ниту да ја спречуваат ниту да ја овозможуваат промената на власта во Србија, сметаат политичките аналитичари, во контекст на најновата „офанзива“ на српската опозиција да го смени од власт Александар Вучиќ. Повод за оваа тема беше и посетата на еден од лидерите на опозицијата Вук Јеремиќ на САД, кој пред патувањето за Вашингтон рече дека во разговорите со американските функционери ќе се обиде да ја „отстрани опасноста Америка да ја спречи промената на власта во Србија“.
– Кога Америка има сериозна намера да влијае на изборните процеси во некоја земја, тоа влијание и ќе се почувствува. Земете го примерот со 5 октомври во Србија или, ако сакате посвеж случај, со Македонија. Интервенции со таков интензитет не се присутни во Србија – вели политичкиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ за „Данас“.
Според него, американската администрација не зазела хомоген став за владеењето на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Игор Новаковиќ од центарот за меѓународни и безбедносни работи „ИСАЦ фонд“ нема забележано дека САД ја поддржуваат сегашната или минатата власт во Србија.
– За администрација на САД не е значајно која политичка опција е на власт, сѐ додека таа е кооперативна кон барањата што доаѓаат од Вашингтон. Самиот избор е во рацете на граѓаните на Србија, тие не се мешаат во тоа – смета Новаковиќ.
ретседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ, пред патувањето во САД изјави дека не очекува дека американската администрација ќе го смени ставот за Косово и за тоа дека не го поддржуваат со ставот на српската опозиција за бојкотирање на парламентот или следните парламентарни избори.