Дозвола за влез во Шенген зоната државјани од Западен Балкан ќе мора да побараат во иднина преку интернет без разлика што не им е потребна виза. Освен тоа, тие ќе треба да платат и такса од седум евра што е дел од мерки што Европската унија ги воведува за поголем надзор на надворешните граници, одлучија амбасадорите на Унијата.
По поднесување барање, граѓаните од Западен Балкан во рок од четири дена ќе добијат одговор, односно 96 часа откако во системот ќе се обработи барањето, ако треба дополнитела проверка. Во случај барањето да биде одбиено, засегнатиот патник мора да биде информиран за причините, а ќе има право и да поднесе жалба.
Европскиот Парламент треба да ја потврди и усвои одлуката како и Советот на министри на Унијата.
Се очекува новата мерка да почне да важи од јануари 2021 година.
Целта на тој нов систем е да се спречи илегалната миграција во Шенген просторот и се однесува за околу 1,4 милијарди граѓани ширум светот, вклучително и САД и Канада.
Дозволата за патување ќе важи три години.
Системот ќе ја чини ЕУ 85 милиони евра годишно.