Во Србија се затворени избирачките места на редовните парламентарни, покраински и локални избори. Според првите податоци вкупно гласале 50,2 отсто од вкупниот број впишани гласачи.
На изборите своето гласачко право беа во можност да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места, меѓу кои и на 140 места на Косово и во 42 амбасади на Србија.
Неофицијалните резултати се очекуваат да бидат соопштени вечерва.