Министерството за внатрешни работи информира дека ќе биде забранет влезот во Грција преку преминот „Евзони“ од 22 до 6 часот наутро, а оваа мерка ќе биде на сила до 15 август годинава.
Вакво известување пристигнало од граничната служба на граничниот премин „Богородица“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, според кое за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила.
За излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила. Мерката ќе важи до 15.08.2020 (сабота).