Протестите на „Жолтите елеци“ во Франција, кои траат подолго од еден месец, ги поттикнаа и останатите да ги следат, по што слични собири најавуваат и во Хрватска.
Поттикнати од успехот на француските демонстранти, слични протести почнаа да се одржуваат и во другите европски земји, како Белгија и Холандија, а сега слично движење се формира и во Хрватска.
На социјалната мрежа Фејсбук е отворена група „Жолти елеци Хрватска“, која моментално брои околу 10.000 луѓе. Групата е создадена од вонпарламентарната партија Слободна Хрватска.
Првите протести на хрватските жолти елеци се најавени за оваа сабота во три градови Загреб, Пула и Риека, со почеток во 12 часот.
Организаторите на протестите ги повикуваат сите оние кои се незадоволни од социјалниот статус и состојбите во политичкиот и општествениот живот.