Жена демонстрант денеска фрлила канта со измет пред зградата на хрватската Влада, јавуваат хрватските медиуми.
– Канта измет на Владата. Токму така. Една демонстрантка токму пред Владата истури канта полна фекалии. Полицијата ја одведе внатре. При тоа ништо не кажа – напиша на својот Твитер профил новинарот на Н1 телевизија Иван Скорин.
Жената носела маица со натпис „Ве обвинувам господо“, со слика на Синиша Главашевиќ, новинар од Вуковар убиен во 1991 година.
Полицијата ја одведе демонстрантката, а таа при влегувањето во полицискиот автомобил даде изјава.
– Го направив тоа поради загубената арбитража во случајот Гавриловиќ, претпоставувам дека одам во полициска станица, а потоа во Судот за прекршоци“, рече жената.