Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Приштина, Наталија Апостолова, денеска изрази разочарување од досегашната работа на косовското Министерство за образование, наука и технологија на очекуваните реформи во образованието, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Образовниот систем треба да тргне од нула. Во областа на образованието досега вложивме 34 милиони евра, но тие не даадоа резултат- рече Апостолова на денешната седница на Комисијата за образование на косовскиот Парламент.
Таа додаде дека моментно нејзината Канцеларија, заедно со Министерството, работи на нова програма за подобрување на состојбите во косовското образование и ја повика Владата да го поддржи и усвои овој документ.