Припадници на ЕУЛЕКС ја пребаруваат куќата на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, јавуваат приштинските медиуми. Припадниците на таа мисија влегле и во куќата на лидерот на ДПК, Кадри Весеји, како и во домот на шефот на парламентарната група Движење Самоопределување Реџеп Селими.
Силите на ЕУЛЕКС од утрово се во седиштето на Демократската партија на Косово, додека припадници на косовската полиција се пред просториите на партијата.
Тачи од вчера е во притвор во Хаг, откако обвинението го потврди Специјалниот суд.
Тачи, Кадри Весеји и други осомничени се обвинети за голем број воени злосторства на Косово, вклучувајќи скоро 100 убиства.