Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се спротивстави на мешањето на САД, Русија и Франција во судирите околу Нагорно-Карабах.
Тоа следи откако трите земји ги повикаа Ерменија и Азербејџан на продолжување на преговорите.
– Со оглед на тоа дека САД, Русија и Франција го занемаруваа овој проблем речиси 30 години, не е прифатливо да учествуваат во напорите да се постигне прекин на огнот – рекол Ердоган.
Тој нагласил дека трајно примирје може да се постигне само ако „ерменските окупатори“ се повлечат од Нагорно-Карабах.
Претседателите на САД, Русија и Франција ги повикаа денеска Ерменија и Азербејџан да ги продолжат без предуслови преговорите за судирите во регионот Нагорно Карабах.