Турскиот претседател Теџеп Таип Ердоган ќе се состане со лидерите на ЕУ во Брисел, соопшти Советот на ЕУ. Тој ќе има средба со претседателите на Европскиот совет и на Комисијата, Шарл Мишел и Урсула Фон дер Лејен.
Посетата на турскиот претседател на Брисел доаѓа по неколку вонредни состаноци организирани од ЕУ поради ескалацијата на ситуацијата на турско-грчката граница. ЕУ во неколку наврати ја повикуваше Турција да го почитува Договорот за мигрантите потпишан во 2016 година и да запре нов бран бегалци кои пристигнуваат непречено на надворешните граници на ЕУ преку Турција во последните неколку дена.