Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека е време да се разговара за реалниот предлог за решение со две држави на поделениот остров Кипар.
Тој додаде дека параметрите на тековните разговори не се одржливи.
Говорејќи на прес-конференција со претседателот на кипарските Турци, Ерсин Татар во Анкара, Ердоган рече дека пристапот на кипарските Грци ги блокирал претходните обиди да се најде решение, објави „Ројтерс“.
– Мора да се сфати дека според сегашните параметри не може да се постигне никаков резултат бидејќи имаме процес на преговори што трае повеќе од половина век. Во оваа фаза, ние веруваме дека започнувањето разговори засновани на идејата за федерација ќе биде губење време. Затоа, веруваме дека решението со двете земји сега мора да биде претставено како реален предлог – рече турскиот претседател.