Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) процени дека земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтер кој најсериозни штети предизвика во хрватскиод град Петриња, го почувствувале шест милиони луѓе.
Програмата на американскиот Геолошки институт (УСГС) за опасност од земјотрес процени дека земјотресот со епицентар во Хрватска бил почувствуван и во Босна и Херцеговина, Чешка, Германија, Унгарија, Италија, Црна Гора, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Австрија.
Во Хрватска, која и вчера беше погодена од низа земјотреси, последици и материјални штети од денешниот потрес, со епицентар на 46 километри југоисточно од главниот град, се пријавени во повеќе градови како Петриња, Сисак, Загреб…