Европска комисија денеска препорача отпочнување на преговори со Албанија, потенцирајќи дека земјата остварува „стабилен напредок“ во примената на петте клучни приоритети.
– Реформите во јавната администрација се консолидирани, со цел јакнење на професионализмот и деполитизацијата, се посочува во Извештајот на ЕК.
ЕК истакнува дека се спроведени дополнителни мерки за зајакнување на незавсисноста, ефикасноста и одговорноста на судските институции, посебно преку напредокот во спроведување на сеопфатните правосудни реформи, вклучително „првите конкретни резултати во проверката на сите судии и обвинители“.
– Албанија презеде и одлични напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и дополнителни мерки за зајакнување на ефикасната заштита на човековите права на припадниците на малцинствата, вклучително и на Ромите, се посочува во Извештајот.
Препорачувајќи отпочнување на претпристапните преговоти со Албанија, ЕК потенцира дека земјата мора да ги продолжи започнатите рефиорми во клучната област – владеење на правото и да станат видливи резултатите од проверката на судии и обвинители.