Сериозни проблеми во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови на грчкиот остров Крит, предизвика експлозијата што се случи претпладнево во транфостаница на грчката електродистрибуција во градот Ираклион.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, при експлозијата нема повредени лица.
Според локалните медиуми од островот, Ираклион се соочува со сериозни проблеми, бидејќи целиот град е без електрична енергија, а голем дел од банките, супер маркетите и продавниците се затворени.
Во останатите градови на островот се очекува во следните часови, постепено да се нормализира снабдувањето со струја.