Шефот на групата за азил и човекови права во австриското МВР Петар Вебингер предупредува дека моментно се формира нова мигрантска рута – „џамиска рута“ во која џамии нудат поддршка за мигранти.
Тој е уверен дека зголемениот број бегалци води кон тензична ситуација која нема да се развие така драматично како во 2015 година, иако постои слично голем потенцијал во кризните региони.
Експертот на австриското министерство гледа ризик од голем бран во идната година ако не бидат преземени потребни подготовки.
– Растот на бројот на мигранти во 2014 година водеше кон исход што го имавме во 2015, а тоа може да се случи во 2019 година – изјави Вебингер за австриски медиуми.
Новата балканска рута што моментно се формира, води преку Албанија, Црна Гора или Србија, БиХ и Хрватска, а експертите ја нарекуваат „џамиска рута“ бидејќи џамии долж таа рута им даваат поддршка на бегалците при нивното движење.
Австриски медиуми укажуваат дека на инернет постојат низа видео снимки кои на арапски јазик во детали ја опишуваат рутата низ регионот кон Европската унија.