Екипа на Првата програма на Радио Белград била приведена вчера во КПС Јужна Митровица и задржана шест часа, а како што јави РТС причината за тоа не е позната.
Полицијата го запрела и детално го пребарувала службеното возило на РТС.
– Целиот тим беше однесен во станицата во Јужна Митровица на сослушување, каде им беа одземени мобилните телефони – соопшти РТС.
По шест часа тие биле ослободени и наводно им било укажано дека треба да се вратат во северниот дел на Косовска Митровица, ,,бидејќи не е безбедно да продолжат кон Грачаница, каде што тргнале”.