Турските цариници запленија еден тон кокаин скриен во контејнери со банани.
Според турскиот министер за трговија Мехмет Муса, ова е најголемо количество кокаин запленето некогаш во земјата.
Кокаинот е запленет во пристаништето Мерсин на југот на Турција, на брод регистриран во Либерија, кој пристигнал на тоа пристаниште од Еквадор, се наведува во соопштението на канцеларијата на гувернерот на Мерсин.
Цариниците ја започнаа операцијата по извештајот дека брод што пловел од Еквадор носел еден тон кокаин, се додава во соопштението.