Еден пилот на военото воздухопловство на Војската на Србија загина, а втор е тешко повреден при пад на воен авион „супер галеб“ што утрово се урна кај Ковачица, во близина на Панчево, јавија белградските медиуми.
Во авионот за време на рутинска вежба се наоѓале пилотот и копилотот, кои се катапултирале, но пилотот сепак загинал.
Од српското Министерство за одбрана ја потврдија информацијата за падот на авионот, без да наведат други детали.