Зградата на грчкото Министерство за надворешни работи, што се наоѓа во центарот на Атина, денеска беше евакуирана, најверојатно поради сомнителна пратка, јави дописничката на МИА од Атина.
Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, а полицајци ја проверуваат зградата.
Според грчките медиуми, вработените при проверка на поштата адресирана до Министерството забележале сомнителна пратка и веднаш ја известиле полицијата, по што е евакуирана зградата