Истражување спроведено од невладиниот сектор, финасиски поддржано од Европската комисија, покажува дека дури 65 насто од граѓаните на Албанија не може да издвојат средства и да одат на годишен одмор.
– Туристичката сезона е во полн ек. Илјадници туристи се одмараат на албанското крајбрежје, а токму граѓаните за чие богатство се смета морето не може да ги почувствуваат благодетите на морската вода. За дури 65 отсто од албаските граѓани одморот е луксуз, кој не може да си го дозволат, наведува тиранската телевизија Ора Њуз.
Ова, според телевиизјта, е највисока бројка во регионот, со голема разлика од соседните земји, каде летен одмор не може да си дозволат од 38 до 47 отсто од популацијата.
– Во Албанија, да се оди на одмор претставува привилегија на малцинството, додека поголемиот број од семејствата треба да бијат битка за да ги задоволат основните животни потреби, констатира телевизија Ора Њуз.
Според статистичките податоци, на 1 јануари 2018 година Албанија имала 2.870.324 жители.