Четиричлено семејство е спасено во голем пожар во Сараево, а најдраматично било спасувањето на двегодишно дете. Tаткото морал да го фрли синот од третиот кат на зградата која се запалила, за да го спасат соседите кои го пречекале во ќебе.
Вистина драма се случувала изутринава околу 3 часот во сараевската населба Мајташ, кога полицајците со помош на граѓаните од огнената стихија која зафатила стан во трикатница, успеале да спасат четири лица, меѓу кои и двегодишно дете.
Семејството живеело во поткривјето на зградата, а кога избувнал пожарот тие биле заробени внатре. Како што се приближувале пламените, очајниот татко го фрлил детето од покривот, а полицијата и неколку соседи го дочекале во ќебе.
Драмата потоа продолжила кога тројца возрасни, еден маж и две жени, морале да бидат извлечени од огнот. Во меѓувреме, пожарникарите пристигнале и им дале големи скалила со кои се спуштиле од опожарениот стан.
Сите се здобиле со изгореници и биле задржани на лекување во Клиничкиот центар во Сараево. Детето било сместено на педијатрија и не е животно загрозено.