Поради дојава за бомба денеска беше испразнета зградата на редакцијата на дневниот весник „Слободна Далмација“ на Улицата на хрватската морнарица во Сплит.
Според полицијата, пријавата пристигнала во 11.50 часот, кога непознато лице се јавило во редакцијата и кажало дека има поставено бомба. Веднаш била испразнета редакцијата, а затворена е и улицата каде што се наоѓа зградата на медиумот.
На теренот се испратени полицајци кои со помош на кучиња трагачи ја пребаруваат зградата. Новинарите во „Слободна Далмација“ чекаат да зваршат проверките и полицијата да им дозволи да се вратат на работните места.