Договорот од Преспа беше една од темите за кои се разговараше на денешниот состанок на Советот за надворешна политика во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Одговорниот за надворешна политика и пратеник во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, побарал алтертивниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, да ги соопшти следните чекори што планира да ги преземе владата во однос на процедурите поврзани со Договорот од Преспа.
Кумуцакос рече дека пораката од Нова демократија е јасна дека, нема да дозволи „ниту да биде повлечена, ниту да биде заглавена од веројатни процедурални финти и процедурални маневри од владата во однос на Договорот од Преспа”.
-Ние бараме од владата веднаш да разјасни, како процедурално мисли да управува со прашањето за ратификацијата на Договорот од Преспа. Постојат конкретни предвидени работи во овој договор, како на пример, предвидуваат ратификација на овој договор и ратификација на протоколот за НАТО, како што пишува договорот, треба да бидат во исто време, барем ние така го толкуваме англиското „together with”. Според тоа, треба да знаеме кое е толкувањето на овие одредби од Договорот од Преспа и што планира процедурално да направи владата – рече Кумцакос по завршувањето на состанокот и додаде дека одговорот што го добил, не бил јасен, истакна Кумуцакос.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција нагласи дека на состанокот одговорил на прашањата што се однесуваат на процедуралните чекори за ратифакиција на договорот, но во изјавата за новинарите не појасни кои се тие чекори.
Јоргос Катругалос рече дека по завршувањето на обврските од македонска страна, односно по 15 јануари почнува периодот во кој Договорот од Преспа ќе дојде за ратификација во грчкиот парламент и повторно изрази убеденост дека ќе има парламентарно мнозинство.
-Немам никаков сомнеж дека со чувство на национална одговороност мнозиството од грчкиот парламент ќе го ратификува овој договор – изјави Катругалос.
На тричасовниот редовен состанок во грчкото МНР, кој поминал во добра клима, акцентот бил ставен на грчко турските односи и во однос на ова претставниците на партиите биле на иста линија со исти ставови.
Јоргос Кумуцакоа, покренал и прашање што не е директно поврзано со т.н. грчки национални прашања, но според него има своја тежина дека Грција не може да продолжи да има „министер за надворешни работи со скратено работно време” особено кога во прашањата во надворешната политика и националната безбедноство има разврски и постои тензија”.
На состанокот на Националниот совет за надворешна политика на Грција, како и на сите до сега одржани, присуствуваа претставници на партиите СИРИЗА, Независни Грци, Движење на промена, Река и Сојуз на централисти, додека пак од Комунистичката партија на Грција, по своја волја не укествуваат, а од Златна зора не се поканети.