Сто илјади илјади евра се украдени утрово од комбе на аеродромот во Дубровник, со кое обезбедувањето пренесувало пари на аеродромскиот фришоп.
Грабежот се случил околу 7.30 часот. Како што јавуваат медиумите, во тек е потрага по ограбувачите коишто биле вооружени со пиштоли и кои побегнале со мотор.
Аеродромот во Дубровник го обезбедуваат полицајци. Крадците очигледно знаеле кога точно ќе помине комбето, па го пресретнале пред зградата на администрацијата на аеродромот Дубровник.