Директорката на новосадската телевизија Канал 9 Маја Павловиќ започна штрајк со глад, бидејќи и покрај ветувањата, надлежните ниту после година не направиле ништо за да се решат проблемите кои оневозможуваат функционирање на телевизијата.
Таа и минатата година девет дена штрајкуваше со глад, откако српското претпријатие за радиодифузни техника и врски го згасна сигналот на Канал 9 поради наводен долг од 2,5 милиони динари.
Таа тврди дека и натаму стојат споровите пред судовите, дека одделни фирми ги раскинале договорите со Канал 9, како и дека не е одговорено на ниту една нејзина молба за средба со министерот за образование, наука и технолошки развој Младен Шарчевиќ.
Павловиќ вели дека штрајкот со глад нема да го запре се додека не се сретне со премиерката Ана Брнабиќ.
Таа воедно ги повика сите кои сметаат дека Србија не е правна држава и дека медиумите во земјата не се слободни да и се придружат во штрајкот со глад.