Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград ќе се сретне со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина.
Како што е соопштено од Службата за соработка со медиумите на српскиот претседател, Вучиќ и Мирослав Лајчак попладне ќе се сретнат во Вилата Мир, а по средбата, предвидено е обраќање кон јавноста.
Александар Вучиќ и СНС вчера прогласија апсолутна победа на српските избори со освоени 63,4 проценти од гласовите односно 191 пратеник во идниот парламент.