Денеска во Хрватска е Ден на жалост за жртви земјотресте во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала од 29 декември во кој загинаа седум луѓе и кој предизвика голема материјална штета.
Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на Република Хрватска на половина копје на сите згради на државните органи и тела на единиците на локалната и регионалната самоуправа.
Забранети се забавни настани, а телевизиите и радијата треба да ги прилагодат своите програми.
Владата донесе одлука за прогласување Ден на жалост на седницата на 30 декември, ден по разорниот земјотрес во кој загинаа седум лица.
Земјотресот оштети повеќе од 2.000 згради, а најпогоден беше градот Петриња.