Министерството за надворешни работи на Грција ја повика амбасадорката на Албанија во Атина, во попладневните часови, за да и достави демарш за вчерашното убиство на етнички Грк во Албанија, објавија денеска грчките медиуми.
Константинос Кацифас беше убиен вчера во престрелка со албанската полиција.