Девет луѓе загинаа во пожарот што зафати дом за лица во местото Ројак на истокот на Бугарија, соопштија од министерството за внатрешни работи.
Пожарот, кој избувнал малку пред 18 часот, на дрвениот покрив на зградата е изгаснат, а старскиот дом во кој живееле 58 луѓе се евакуирани, изјави Тихомир Тотев, шеф на локалната противпожарна служба во Варна.
„Кога петте противпожарни возила и спасувачки екипи стасаа до домот, покривот веќе беше во голем пламен и црн чад. Пожарникарите започнаа со евакуацијата на корисниците, но за жал девет луѓе ги загубија животите“, изјави Тотев за медиумите.
Додал дека меѓу 49-те преживеани нема лица за кои е потребна хоспитализација, како и дека започната е истрага за причините за пожарот.