Во Белград синоќа се одржа 12-иот граѓански протест „Еден од пет милиони“, на кој главна порака е изградба на систем во Србија, на кој нема да биде можно чие било самоволие.
Преку прошетка низ веќе познатите централни улици во Белград, една од карактеристиките на овој протест е лепењето на пораки во Теразискиот тунел на „сите лаги на Александар Вучиќ“. Граѓаните носеа и медицински маски за заштита од вирусoт „Н1-СНС1“ во знак на протест против недамнешната посета на Вучиќ со делегацијата и фотографирањето со дете во Хематолошко-онколошката болница во текот на епидемијата на грип.
Како и на минатонеделниот протест, на студентскотот плато се наоѓаа кутии во кои граѓаните ги ставаа своите потписи на примерокот од Договорот со народот, кој неодамна го усвои српската опозиција од „Сојузот за Србија.“
Покрај Белград и околу 60 градови, синоќа по првпат граѓански протести се одржаа и во странство, во Виена и Прага.
Непосредно пред почетокот на протестот, вчера попладне, во просториите на општина Стари Град беше формирана Асоцијацијата на слободни одборници од речиси 700 пратеници во градските совети низ цела Србија кои ја бојкотираат работатата на советите. Тие потпишаа договор со народот неодамн усвоен од претставниците на опозицијата и усвоија Манифест со кој се обврзаа дека ќе водат постојан дијалог со граѓаните, ќе ги штитат нивните интереси, ќе се залагаат за поголеми надлежности на локалните самоуправи и ќе ги заштитат сите советници кои се подложени на „политички криминал на режимот” на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Потпретседателот на Народната партија и заменик-шеф на пратеничката група на Сојузот за Србија во Собранието на град Белград, Никола Јовановиќ, на основачкото собрание на Асоцијацијата му порача на Вучиќ, кој „се заканува со избори под неправедни и нефер услови” овие избори и да ги распише.
-На тој ден сите ние ќе гласаме, но не во вашите кутии, туку мирно и достоинствено на отворено. И кога 200.000 луѓе ќе се соберат под твојот балкон истиот ден, тоа ќе биде директно гласање за вас. Тогаш и вие ќе знаете тоа што и ние веќе го знаеме – дека е крај, дека е крајот на стариот систем. И дека со својот народ ќе почнеме да градиме нешто сосема ново – рече Јовановиќ.